Земјотреси утрово во Струмица и Штип

Од:

Рано утринава регистрирани се два земјотреса од кои првиот бил 120 километри југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Струмица, а вториот на 70 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Свети Николе – Штип, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Првиот земјотресот бил регистриран во 4 часот и 55 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.2 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала и бил почувствуван од населението во Струмица и околината, а вториот се случи во 6 часот и 32 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.0 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала и бил почувствуван од населението во Штип и околината.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Црна Гора

А1он

Земјотрес во Црна Гора во близина на Никшиќ

Земјотрес во Русија

Два земјотреса за еден час во Романија

А1он

(ВИДЕО) Објавена е „црвена тревога“ во епицентарот на земјотресот на Филипините

Горан Наумовски

Земјотрес од 7,6 степени ги погоди Филипините, издадено e предупредување за цунами

Горан Наумовски