Министри од Кабинетот на новата иранска Влада освен еден, отворија свои страници на Фејсбук иако комуникацијата преку социјални мрежи во Иран е преку посреднички (proxy) сервери.
Новиот ирански претседател Хасан Рохани и сите министри од новоформираната Влада освен еден, во август по инаугурацијата отвориле своја страница на Фејсбук, објавуваат денеска локалните весници.
Страница на ФБ имаат 15 министри, а тој потег би можел да значи и укинување на некои интернет блокади во Иран.