Телото на Игор Манојловиќ (22), кој исчезна во неделата наутро во Ваљево, денеска е пронајдено во населбата Пети пук.
Еден од неговите другари во полиција изјави дека Игор му рекол дека пред еден месец на тој полигон се обидел да се обеси, но јажето му пукнало.
За потсетување, во неделата наутро околу 6 часот им испратил порака на пријателите: „Каде сте, спиете?“, а после тоа му се губи секаква трага, изјавила неговата сестра Марија.
Игор тоа утро објави и фотографија на Инстаграм, по што повеќе не се огласи.