СДСМ: Хајката против американската Бехтел ја води Мицкоски, последниот претставник на Црвената буржозија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски под заложништво на проруската Левица водат хајка против најголемиот инфраструктурен проект во нашата држава, стратешкиот проект за изградба на коридорите 8 и 10д и против реномираната американска компанија Бехтел велат од СДСМ.

– Проектот е вреден 1,3 милијарди евра, од кои најмалку 600 милиони евра ќе завршат кај наши домашни компании. Со невистини и спинови Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ застанаа против реализација на овој проект важен за развојот на земјата. Мицкоски не знае што е ниту градежништво ниту градба, тој е последен претставник на Црвената буржоазија. Мицкоски кариерата ја започнал кај својот татко на факултет, каде бил асистент токму кај својот родител, а потоа таму бил и вработен. Ништо сам во животот нема направено. Една шајка во животот нема заковано, освен онаа лажната во рекламен спот во 2020 година кога и ги загуби изборите. Мицкоски е последен што може да зборува за проекти, за градење и градежништво се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Антикорупциската платформа на СДСМ се вика М.И.Ц.К.О

Катерина Ѓуровски

СДСМ денеска го бира новото раководство

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

ВИДЕО: СДСМ бара Антикорупциска да го испита потеклото на парите на Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

СДСМ утре ќе го бира новото раководство