Синдикалната организација на Државниот испитен центар (СОДИЦ-СФДМ) од 24. април 2023 година, стапи во Генерален штрајк, поради недобивање на согласност на Барањето за изменување и дополнување на колективниот договор од страна на Министерството за финансии, a со цел заштита на економските и социјални права на своите членови се наведува во соопштението од Синдикалната организација.
– Сите процеси кои се во надлежност на Државниот испитен центар (Државна матура, државно тестирање, обука и испит за директори, приправнички испити, меѓународно тестирање ТИМС итн.) ќе бидат запрени до добивање на согласност од Министерството за финансии. Сите 29 вработени се членови на синдикатот и состојбата на штрајк која би траела подолго од една недела би значела невозможност да се спроведе државната матура. Апелираме Министерството за финансии ИТНО да даде согласност на веќе потпишаните измени на колективниот договор со која вработените би добиле достоинствени плати (во овој момент 11 од вкупно 29 вработени на различни позиции се изедначени и имаат минимална плата од 20 000 денари) велат од синдикатот на Државен испитен центар.
Најавуваа дека утре пред медиумите ќе објаснат повеќе детали.