Фудбалерите на Арсенал имаа големи непријатности при нивниот првичен обид да се вратат од Германија каде играа со тимот на Волфсбург.
Авионот кој се наоѓал на пистата се запалил во неделата вечерта, пренесува „Дејли мејл“. Инцидентот се случил на аеродромот Брауншвајг во Волфсбург, каде се играше натпреварот од Лигата на шампионките.
Arsenal women plane bust into flames while on the runway Shakahola transaction CITAm pic.twitter.com/DN3BNK4tPw
— Sharlet_7 (@Sharlet_7) April 24, 2023
Имено, непосредно пред полетувањето, птицата влетала во моторот на „боингот 737“, кој веднаш се запалил.
Арсенал излезе со соопштение во кое истакна дека фудбалерите безбедно се вратиле дома, со мало задоцнување во однос на првичниот план.
– Нашиот авион имаше технички проблеми пред полетувањето за Германија, соопштија од клубот.