Во Судан нема македонски државјани информира МНР

Од:

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија со внимание го следи развојот на состојбите во Република Судан, извести денес МНР.

„Според досегашните информации добиени од нашата Амбасада во Каиро, како надлежно дипломатско – конзуларно претставништво за Судан, во моментот нема наши државјани кои престојуваат во земјата, а воедно, од почетокот на тензиите во земјата, не се регистрирани повици од наши државјани на кои им е потребна помош

Во оваа прилика апелираме доколку има наши државјани кои се наоѓаат во територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро на следниот телефонски број +201033615542 и е-мејл адреса [email protected], како и Министерството за надворешни работи на СОС телефонот + 389 75 273 732 и следната емејл адреса [email protected]“, се вели во соопштението на МНР.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија