(ВИДЕО) Блокади во Берлин, климатските активисти се залепија за патиштата

Од:

Активистичката група „Последна генерација“ протестираа на голем дел од патиштата во Берлин, па во германската метропола сообраќајот е блокиран во делови на градот.

„Сообраќајот беше блокиран на околу 30 места во градот каде што активистите или се залепија на патиштата или се собираа во групи на патот“, се вели во соопштението на полицијата.

Како што беше најавено, над 500 припадници на полицијата излегоа на терен и ќе се обидат да го одблокираат сообраќајот. Меѓу другото, блокиран е и градскиот автопат А100 низ кој се одвива најголемиот дел од градскиот сообраќај. Минатата недела групата „Последна генерација“ објави дека од понеделник „масовно ќе ги блокира“ патиштата во Берлин. Помали акции беа спроведени веќе минатата недела.

Целта на активистите за заштита на животната средина е да ја принудат германската влада да го забрза усвојувањето на мерки кои би го забавиле глобалното затоплување и климатските промени. „Не смееме повеќе да дозволиме нашата влада да не се придржува до Уставот. Исто така, не прифаќаме владата да нема план да го запре уништувањето на темелите за нашето постоење. И затоа даваме отпор“, активистите се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Притвор за тројца активисти кои се уапсени после вчерашните протести во Белград

Горан Наумовски

Родителите од Гази Баба до Шаќири: Ќе го блокираме автопатот, регионалниот пат, а ќе поставиме и шатори пред МОН

A1on

Жителите на Слупчане се уште го блокираат влезот: Ќе го платиме долгот кон ЕВН, но не и каматите

A1on

Градот Скопје бара МВР да ги тргне блокадите на приватните превозници

Кристијан Ландов

Ленин Јовановски: Ќе и олеснам на Данела, ќе се повлечам, но блокадите продолжуваат

A1on

Еко-активисти ја нападнаа „Девојката со бисерна обетка“ во Хаг