УЈП: Рокот за поднесување на ДДВ-04 пријави продолжен до 28 април

Од:

Управата за јавни приходи соопшти дека даночните обврзници и сметководителите имаат три дополнителни работни денови за поднесување на ДДВ-04 пријави.

Крајниот рок за поднесување на овие даночни пријави за даночните периоди од 1.0.2023 – 31.3.2023 и за 1.3.2023 – 31.3.2023 година од месечните и тримесечните обврзници за ДДВ наместо 25 ќе се смета 28 април.

Тридневното продолжување на рокот за поднесување ДДВ-о4 пријави е со цел да се избегне отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, и поради повеќето неработни денови во месец април 2023 година, информира УЈП.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет