Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Од:

Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време, брзо и ефикасно, истакна денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

-Во однос на почетокот на градбата на коридорите, веќе информиравме дека 22 април е старт на реализација на Договорот, каде изведувачот почнува со изработка на проекти, на урбанистички и на основни проекти со цел да започне и постапка на експропијација на земјиштето кое е приватно. Да изврши снимање на теренот, состојбите, постојната состојба на трасата, да се види каде има подземни, надземни инсталиции, кои можеби ќе треба да бидат дислоцирани во текот на самата градба. Да се утврди постапката на геотехнички и геомеханички истражувања, рече Бочварски одговарајќи на новинарско прашање на Меѓународниот aеродром Скопје, каде денескаслета првиот авион на „Луфтханза“ од Франкфурт.

Без такви квалитетни анализи кои претходат на почетокот на градбата ќе имаме, како што рече, големи проблеми и одложување на понатамошниот тек на градбата и тоа ќе има негативни влијанија врз целиот проект. – Заради тоа чекор по чекор, сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време, брзо и ефикасно бидејќи граѓаните повеќе време за губење немаат, истакна Бочварски.

Според него, треба да се прашаат граѓаните на Прилеп, Битола, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга и Охрид по каква инфраструктура сакаат да патуваат и дали таа инфраструктура треба да ја очекуваат во следните петнаесет години или таа треба да се направи час поскоро.

-Досега не се исплатени средства кон компанијата. Првата исплата на средства би била авансот за отпочнување на градежните работи и секој исплатен денар кој ќе биде од страна на државата и Владата кон Јавното претпријатие за државни патишта, а потоа и кон изведувачот ќе биде објавен на сајтот на Јавни финасии, рече Бочварски.

На новинарско прашање за измените на Законот за градење, Бочварски повтори дека ова е нова постапка и нов систем на градење, каде најпрво ќе се одобри урбанистичкиот проект кој ќе ја утврди трасата по кој ќе почне постапка на експропријација на земјиштето.

-Бидејќи овој проект предвидува фазно градење и проектирање поединечни делови од една делница тоа значи дека не може државата да издава десет пати одобренија за градење за една иста делница. И токму поради тоа во однос на основниот проект со ревизија ќе биде запазена процедурата, кој ќе биде доставен, технички исправен, потврден од страна на инженери статичари. Во делот на механичката отпорност и стабилност исто така ќе биде потврден целиот проект. Но, целиот проект предвидува фазно градење и заради тоа во законските измени се предвидува нов модел кој ќе предвиди побрза градба, изјави министерот за транспорт и врски.

Според Бочварски, сите се заинтересирани за забрзано градење на коридорите. Изрази надеж дека сите политички партии ќе дадат придонес во насока на забрзување на процесот на градење со што час поскоро, како што рече, ќе добиеме изградена модерна инфраструктура која ќе придонесе и за повеќе економија и за безбедност во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Николоски: До крајот на јануари ќе заврши целокупната експропријација за патните делници од коридорите 8 и 10д

Тунелот да го гради еден изведувач, постигнати почетни договори за пругата кон Бугарија

ДУИ: Целосното ретерирање на Владата за Коридорот 8, ја потврди чистотата на проектот

Катерина Ѓуровски

Ќе биде блокирана експропријацита за коридорите 8 и 10 ако не се исполнат барањата на правобранителите

ДУИ: Партиите кои денес се фалат со Коридорот 8 до вчера го критикуваа

СДСМ: Ниту тунелот бил слеп, ниту нова траса за пругата, уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски