Тешко повреден мотоциклист од Кавадарци, возачот кој го удрил избегал

Од:

Вчера попладне, во 14.50 часот било пријавено дека во Кавадарци на улицата „7-ми Септември“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од 57-годишниот В.К. од Кавадарци и патничко моторно возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од 25-годишниот М.М. од Кавадарци, кое го напуштило местото на настанот, но по преземени мерки било пронајдено од страна на полициски службеници, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, констатирани во Општата болница Кавадарци, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

Би можело да ве интересира

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина возач на патот Гостивар – Кичево