Кирков: Владе хаос по улиците, државата мора да најде трајно и системско решение за бездомните кучиња

Од:

Стефан Кирков, кинолог, активист и сопственик на одгледувачница за Француски булдог, на денешната трибина во организација на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Законска регулација на урбано чување на миленици, нужност и потреба“ вели дека во државата владее една хаотична ситуација со бездомните кучиња и поради тоа граѓаните не се чувствуваат безбедни во своите места каде што живеат, додавајќи дека мора да се изнајде системско и трајно решение за овој децениски проблем.

Понесени од последните случувања кај нас од немилите настани кои се случија, потребата да се одржи ваква панел дискусија со експерти од оваа област сметаме дека е нужна. Владее една ситуација каде што имаме зголемен број на бездомни кучиња и нашите граѓани се навистина изложени на постојани напади и се чувствуваат во своите градови каде што живеат небезбедно, затоа што бездомните кучиња се собираат во глутници и буквално не постои законска регулација со која би се решил оној децениски проблем кој го имаме со бездомните кучиња општо на целата територија на Македонија, истакна тој.

Кирков додаде дека додека владее хаос по улиците, општините се соочуваат и со големи финансиски загуби од буџетите кои се исплаќаат на граѓаните како обештетување од искасани бездомни кучиња, потенцирајќи дека и јавното претпријатие Лајка е натрупано со извршни решенија по овој основ.

Владее навистина еден хаос по улиците, а од друга страна пак имаме огромни финансиски средства кои што се одлеваат од буџетите на општините и градовите, кои потоа граѓаните ги тужат овие институции и си бараат соодветно обештетување бидејќи биле нападнати од бездомни кучиња, и сето тоа е на товар на буџетот на овие институции и буквално се наоѓаме во ситуација каде што ЈП Лајка е натрупано од извршни решенија од граѓани кои го тужат јавното претпријатие, додаде Кирков.

Околу бездомните кучиња се сложуваме дека не ги сакаме на улица и дека државата мора да најде трајно и системско решение, смета Кирков.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава