ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски кукавички се крие зад партиската работна група за уставни измени, целиот процес е без кредибилитет

Од:

„Ковачевски кукавучки се крие зад работната група за уставни измени. Работната група за уставни амандмани нема кредибилитет, вистинските експерти со време се оградија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Професорите од областа на Уставното право, луѓе од професијата на уставната материја и научници од сродни области, кои имаат голема професионална кариера не сакаат да бидат дел од аматеризмот наречен работна група за уставни амандмани, затоа што за уставни промени нема консензус.

Уставни измени можат да се случат само со широк народен консензус, туркање на уставни промени спротивно на волјата на народот од една тесна политичка клика само носи поделби во општеството и дополнително негодување.

Кога СДС и ДУИ видоа дека немаат експерти за во работната група, прибегнаа кон ангажирање на пензионирани луѓе, кои се родители на нивни функционери, како што е примерот со Бранко Наумовски, татко на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, сестри на функционери од ДУИ, како што е примерот со Беса Арифи, сестра на Теута Арифи и луѓе кои се јавуваат како дежурни пропагатори на политиките на власта во дебатни емисии или во колумни како Ана Чупеска.

На листата на таканаречени експерти се најде и поранешниот претседател на Уставниот суд, Сали Мурати, кој им ги зголеми платите на судиите, под изговор дека се гладни, а тој самиот на имотен лист имаше пријавено цело богатство, два стана и куќа.

На листата се и Јетон Шасивари, Марија Пендевска и Бајрам Положани, кои не пропуштаат дебатна емисија да ја пофалат власта, а дел од нив беа и поддржувачи на криминалното СЈО.

Колку СДС не знае што прави покажува фактот дека во работната група ја ангажирале и Јагода Митревска, која самата се фали дека има искуство со кампањи и следење на избори во Русија. Па така од набљудувач на кампањи во Русија до креатор на Уставни измени во Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот