Груевски ги повика италијанските бизнисмени во Македонија

Од:

Македонската делегација пред седумдесетина италијански компании на бизнис форумот во Торино ги презентираше поволностите за инвестирање во Македонија.

Повик до италијанските компании да инвестираат во Македонија како атрактивна дестинација упати и претседателот на Стопанската комора на Италија, Гвидо Болата кој кажа дека тоа е опција за надминување на предизвиците кои доаѓаат од економската криза.

Пред присутните италијански бизнисмени премиерот Груевски ги образложил главните перформанси на македонската економија, при што кажал дека во континуитет со години се одликува со нагласена макроекономска стабилност и просечна стапка на инфлација од 2,1%.

Тој посочил дека и покрај проблемите кои глобалната економска криза и ги создава на италијанската економија, Торино и регионот Пјемонте покажуваат извонредна флексибилност и фасцинантна способност за диверзификација на постојните и развој на нови бизниси, не само во доменот на престижната автомобилска индустрија, туку и на полето на информациско-комуникациските технологии, биотехнологиите, авио-индустријата, пишува во владиното соопштение.

Би можело да ве интересира

Европски Сојуз за Промена го прашува Ахмети: Колку години затвор му простувате на Груевски со измените на Кривичниот законик

Ковачевски го повика Груевски да се врати за да се соочи со првадата

Имот на Груевски одземен со правосилни судски одлуки оди на продажба

Георгиевски до Груевски: Се што ми направи мене сега ти го прават тебе

Предраг Петровиќ

Груевски за Ѓорчев и Милошоски: Браво Марјане, јака штикла си станал, за Антонијо имам што да кажам

Предраг Петровиќ

Груевски повика членството да не му верува на Мицкоски: Има начини да ја изразите лојалноста на партијата

Предраг Петровиќ