На интернет е објавен документ во кој Георгина Родригез е означена како „робинка“ на Кристијано Роналдо. Двојката доби специјална дозвола од саудиската влада за заеднички живот. Заедничкиот живот на двајца невенчани лица инаку е забранет со државните закони на Саудиска Арабија, кои се тесно поврзани со исламската вера.
Во документот, кој се претпоставува дека е виза на девојката на Роналдо, а го преведоа корисниците на Твитер, Џорџина е означена како „сопственост на фудбалерот“. Жените во Саудиска Арабија немаат независност или автономија, а славниот пар не е официјално во брак.
1- What appears to be an altered image of #Ronaldo’s girlfriend #Georgina #Saudi visa show her as “slave” girl owned by Ronaldo. #Saudi laws do not allow unmarried couples to live together— cont pic.twitter.com/pcotkHRcEf
— Ali AlAhmed (@AliAlAhmed_en) January 5, 2023
CNN Arabic испрати прашање за документот до властите во Саудиска Арабија, но не доби коментар. Тие напишаа и дека документот најверојатно е лажен, но без официјална потврда не е можно да се потврдат или демантираат овие гласини.
Кристијано Роналдо и неговото семејство неодамна се преселија во Саудиска Арабија, каде живеат според новите правила. Џорџина неодамна го прекрши кодексот на облекување на вечера со својот вереник, појавувајќи се во кратко здолниште, поради што и се заканува парична казна.
Во Саудиска Арабија според шеријатските правила жените се обврзани да го покриваат целото тело. Кодексот на облекување наложува „скромност и пристојност“, па затоа не смее да се носи тесна или проѕирна облека. Во јавноста, Џорџина треба да носи абаја, традиционална долга туника со темна боја.