Субвенција од 80.000 денари ќе добијат домаќинствата ако инсталираат фотоволтаици на својот кров

Од:

Министерството за економија ќе распиша јавни повици за субвенционирање на дел од трошоците за инсталирање на пвц и алуминиумски прозорци, сончеви колектори и фотонапонски централи, најави министерот за економија, Крешник Бектеши.

– Ќе се зголеми буџетот за оваа ставка и ќе изнесува 70 милиони денари. Ќе има надоместување на дел од трошоците за вградени пвц или алуминиумски прозорци за 2023 година каде што се предвидени 25 милиони денари со што ќе се опфатат над 1000 домаќинства. На лицата кои ќе купат вакви прозорци, министерството ќе им обезбеди враќање на средствата од 50%, но не повеќе од 20.000 денари – истакна министерот.

Министерството за економија ќе ги надоместува дел од трошоцоите за купување на сончеви колектортски системи каде што се предвидени 15 милиони денари и ќе се опфатат над 1.000 домаќинства. Кофинансирањето ќе биде во висина до 30%, но не повеќе од 15.000 денари.

Третата мерка е надоместување на дел од трошоците за инсталирање на фотонапонски централи за домаќинства до 6 киловати и тука се предвидени 30 милиони денари и ќе мерката опфати над 400 домаќинства. Повратот ќе биде во висина од 30%, но не повеќе од 80.000 денари.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

A1on

Електродистрибуција објави интерактивна мапа за капацитетот на трафостаниците за приклучување на фотоволтаиците

A1on

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

A1on