Османи: Ратификацијата на договорите од Берлинскиот процес од исклучителна важност за слободното движење на луѓе и услуги на Западниот Балкан

Од:

Трите договори за меѓусебно признавање на личните карти, универзитетските дипломи и професионалните квалификации, кои се во рамки на Берлинскиот процес, што денеска ги ратификуваше Собранието, се од исклучителна важност за слободното движење на луѓе и услуги во регионот на Западниот Балкан, објави на Фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Договорите се од исклучителна важност во контекст на слободното движење на луѓе и услуги, согласно вредностите и најдобрата пракса на ЕУ. Берлинскиот процес ја потпомага интеграцијата на регионот на Западен Балкан во ЕУ, наведе Османи во објавата.

Собранието во рамки на денешната 111-та седница ги ратификуваше трите договори во рамки на Берлинскиот процес – за меѓусебно признавање на личните карти, универзитетските дипломи и професионалните квалификации.

Откако матичните комисии не доставија дополнет предлог, пратениците без расправа ги донесоа  Законот за ратификација на Договорот за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан, Законот за ратификација на Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан и Законот за ратификација на Договорот за признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите во контекст на Централноевропскиот договор за слободна трговија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани