Во метрополата напаѓа банда која ги топи бравите, полицијата немоќна: Тие се млади хемичари

Од:

Римската полиција – и државната и карабинерите -забрзано бараат банда провалници кои не ги кршат бравите на блиндираните врати, туку ги раствораат со моќна киселина.

Полициски извори не го откриваат составот на оваа киселина – не се глупави да понудат таков хемиски состав на други банди – но велат дека е многукратно поуништувачка од хлороводородната киселина (која ги раствора и каменот и телата на жртвите на мафијата). Велат и дека ја нема на пазарот. Некој морал да размисли и да ја направи. И знаат како да ракуваат со неа.

Полицијата смета дека провалниците се млади и паметни хемичари, можеби од источна Европа (не кажуваат зошто шпекулираат), кои нашле соодветна формула за топење на пружините и клиповите од цилиндричните брави на блиндираните врати. А бравата е најчувствителниот дел од блиндираната врата: кога ќе се стопат клиповите што ги движат страничните лостови, доволно е да користите шрафцигер за да ги отклучите тие цврсти бариери и да влезете.

Велигденскиот напад го открила сосетка: забележала дека влезната врата од соседниот стан е само подзатворена, иако станарката отишла на патување. Таа и се јавила, несреќната сопственичка се вратил во Рим и открила дека вратата наизглед не е оштетена, но дека не може да се затвори. А од станот е украдено се што имало некаква вредност и можело да се однесе. Вклучувајќи ја содржината на малиот сеф.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се запали моторот на авион што полета од Рим

МВР уапси двајца крадци кои краделе домашни животни

Крадци им ги украле велосипедите на светски велосипедски ѕвезди

Горан Наумовски

Приведени двајца крадци од Скопје, се обиделе да ограбат малолетници

Горан Наумовски

Двајца кавадарчани оштетиле брави, електронски читачи и катанец на сандачиња од перална

Горан Наумовски

Фатени двајца крадци – едниот крадел во фирма, другиот во приватни домови