Премиерот Димитар Ковачевски ги бранеше предлог-измените на Законот за работни односи со кои градежните работници на коридорите 8 и 10 кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“ со теза дека работниците ќе имаат зголемена продуктивност и повисоки плати.
Пратениците на СДСМ и на ДУИ поднесоа измени на осум закони, но Левица денес со 1.111 амандмани ја блокираше работата на собраниската комисија.
– Досега во градежниот сектор многу компании имаат побарано слични измени и до Владата со оглед на тоа дека самиот сектор подлежи на сезонски варијации кои зависат од времето. Тоа се побудите со кои сакаме да направиме законски измени со кои подобро ќе се искористат ресурсите и второ се забрзува работата и се зголемува продуктивноста на овие работници.
Доколку бидат донесени овие законски измени, ќе може да се ангажираат помал број работници и да се работат повеќе часови, па поголем дел од финансиските средства ќе останат во државата. Без законски измени ќе дојдат повеќе работници од странство. Сите работници ќе имаат право да дадат согласност за 60 часа работа неделно и секој час би бил платен – рече Ковачевски.
Тој додаде дека Владата донела одлука ЈПДП да го достави договорот со „Бехтел и Енка“ во Јавното обвинителство.