Американците изразија сериозна загриженост за ситуацијата во Судан

Од:

Американскиот државен секретар Антони Блинкен изрази „сериозна загриженост“ за смртта и ранувањето на суданските цивили во одделни разговори со водачите на вооружените сили на Судан и ривалските Сили за брза поддршка (РСФ), изјави претставник на Стејт департментот.

Од саботата траат борбите меѓу редовната армија на Судан предводена од генералот Абдел Фатах ал Бурхан и паравоената РСФ предводена од генералот Мохамед Хамдан Дагало, попознат како Хемедти.

Блинкен ја нагласи одговорноста на двајцата генерали, Абдел Фатах ал-Бурхан и Мохамед Хамдан Дагал, да ја гарантираат безбедноста на цивилите, вклучително и дипломатскиот персонал и хуманитарните работници, рече претставникот на Стејт департментот.

Најмалку 185 луѓе загинаа, а повеќе од 18.000 се повредени во конфликтот, изјави во понеделникот специјалниот претставник на ОН Фолкер Пертес.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска