Патниците врескале од ужас додека силните турбуленции предизвикаа хаос на летот од Ангола до Португалија. Храната, пијалокот и работите останаа расфрлани на подот, па дури и на плафонот на авионот.
Инфлуенсерката Дијана Асис од Бразил била во авионот и споделила драматично видео додека авионот неконтролирано се тресел. Пилотот предупреди дека веројатно ќе доживеат силни турбуленции – но патниците беа запрепастени од нивото на драстичното тресење.
Дијана раскажа како била преплашена на, како што рече, нејзиниот прв меѓународен лет. На видеото се гледа како таа првично ги третира турбуленциите како шега и како се смее додека авионот почнува да вибрира, пишува The Sun.
Но, смеата набргу престанува кога силен тресок го истура виното од нејзината чаша, распрснувајќи се на таванот додека луѓето врескаат од ужас. Таа рече дека турбуленциите се случиле два часа по полетувањето, на летот кој трае осум часа, и токму додека се служел ручекот, а храната била расфрлана низ целиот авион.
Дијана се качи на летот на TAAG Angolan Airlines откако застана во Луанда пред да продолжи за Португалија.
„Тоа траеше само неколку секунди, но беше доволно да повреди некои луѓе, а екипажот укажа прва помош пред слетувањето.
Меѓу повредените, рече таа, има и бебе кое излетало од рацете на родителите и удрило во таванот, поради што капетанот побарал лекар да му помогне на детето.