Министрите за надворешни работи на индустриските земји од Групата седум (Г7) ветија дека ќе ја спречат Русија да ги избегне економските санкции.
Тие, исто така, ветија дека ќе ја запрат испораката на оружје за Москва преку трети земји.
За време на вториот ден од тридневниот состанок во Каруизава, во централна Јапонија, јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши ја истакна важноста од зајакнување на соработката на Г7 со Глобалниот југ во спротивставувањето на Русија, објави јапонската влада.
Покрај руската војна во Украина, која доминира на министерскиот состанок на Г7, една од важните теми е зајакнувањето на соработката со земјите во развој на глобалниот југ и ситуацијата во индо-пацифичкиот регион во време кога Кина го зголемува влијанието во областа. изјавија јапонските власти, а пренесува Кјодо.
Агенцијата објави дека јапонскиот министер за надворешни работи изразил надеж дека тридневниот состанок во Каруизава ќе пренесе силна порака за важноста од зачувување на меѓународниот поредок заснован на правила.
„Меѓународната заедница е во пресвртна точка, ние силно ќе ги отфрлиме сите еднострани обиди за промена на статус кво со сила и нападот на Русија врз Украина, како и нејзината закана за употреба на нуклеарно оружје“, рече Хајаши на состанокот на Г7. беше делумно отворена за медиумите.