Курти се согласи за формирање на СЗО

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека договореното меѓу Белград и Приштина треба да се спроведе во целост, без делумно спроведување и одложувања.

– Последните две години во Брисел разговаравме за правно обврзувачкиот договор меѓу Косово и Србија. На 18 март во Охрид високиот претставник на ЕУ Жозеп Борељ официјално го објави договорот. Договореното треба целосно да се спроведе. Без делумна имплементација и без одложувања – порача Курти на Твитер.

Шефот на европската дипломатија по преговорите во Охрид со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Курти, за спроведување на договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина изјави дека Брисел ќе го следи почитувањето на договорот, бидејќи „тоа е сега дел од преговарачката рамка на Србија и Косово на нивниот пат кон членство во ЕУ“, а тоа непочитување на договорот ќе има последици.

Би можело да ве интересира

Курти: Министрите за правда работат на решавање на екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

А1он

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина

Србија: Курти шири дезинформации

Курти тврди дека Србија провоцира на граница, објави фотографии од движењето на војниците