Во новиот бран насилства во најголемиот затвор во Еквадор загинаа 12 лица, а тројца се ранети, пренесе „Европа прес“.
Во затворот „Литорал“ во градот Гвајакил дојде до бунт, а националната затворска служба објави дека ситуацијата сега е под контрола и дека безбедносните протоколи се повторно воспоставени, објави Блумберг.
Според управата на затворот, насилството започнало во средата, кога биле пронајдени шест обесени затвореници.
Во четвртокот тројца чувари беа застрелани за време на паузата за ручек среде затворот.
Еквадорските затвори станаа жаришта на насилство во кое беа убиени неколку стотици луѓе во текот на изминатата година. Во ноември во затворот „Инка“ во Кито беа убиени осум затвореници.