Бајден ќе се кандидира за втор претседателски мандат

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден на крајот од посетата на Република Ирска изјави дека одлучил да се кандидира за втор претседателски мандат и потврди дека официјално ќе ја објави својата кандидатура „релативно наскоро“.

„Ќе објавaм релативно наскоро, но самото патување во Ирска го зајакна моето чувство на оптимизам за тоа што може да се направи“, им изјави Бајден на новинарите на крајот од своето патување во Ирска, пренесе Ројтерс.

Агенцијата наведува дека иако многу поддржувачи на Бајден не се сигурни дали 80-годишниот претседател, еден од најстарите лидери во светот, навистина е способен за втор четиригодишен мандат во Белата куќа.

Блиските соработници и сојузници, далеку од очите на јавноста, веќе почнаа да преземаат чекори за воспоставување инфраструктура за кампањата и прибирање средства.

На крајот на неговиот втор претседателски мандат, Бајден би имал 86 години, што е девет години повеќе од просечниот животен век на мажите во САД.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бајден го одржа првиот говор откако ја напушти Белата куќа, веднаш го нападна Трамп

Горан Наумовски

Трамп им го забрани пристапот до доверливи информации на Бајден, Харис и Хилари Клинтон

Трамп: Расипаниот Бајден не доведе во вистински хаос со Русија

(ВИДЕО) Зеленски земаше пари од Бајден како бонбони од дете, вели Трамп

Трамп ја укина наредбата на Бајден за извештаите за употреба на американско оружје

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден