Ајкула изгриза девојка додека пливала на Малдиви, а во меѓувреме се појави и снимка од нападот.
30-годишната Кармен Сервело нуркала во близина на атолот Ваву, кога ненадејно од позади ја каснала ајкула.
На видеото кое беше објавено се гледа како ајкулата прво кружи во водата околу неа, а потоа ненадејно ја напаѓа.
За среќа, раната не била длабока, па успеала веднаш да ја санира на плажа, а потоа на изненадување на многумина повторно отишла на пливање, пишува Дејли Мејл.