Пронајдени се телата на скијачите кои загинаа во лавина на француско-италијанската граница

Од:

Италијански спасувачи објавија дека денеска ги извлекле телата на тројца Италијанци кои исчезнаа вчера во лавина што ги затрупа на француско-италијанската граница, како и телото на француски скијач кој загина во областа по пад. Француски скијач кој скијал надвор од обележаната патека, чиј идентитет не се соопштува, вчера паднал од карпа во провалија и починал.

„Околностите на несреќата се истражуваат, но тој почина по падот“, изјави за AFP Тицијано Тревисан, портпарол на алпската спасувачка служба Вале д’Аоста.

Неговото тело е пренесено во италијанскиот ски-центар Курмајер, додаде Тревисан.

Претходно денеска тој изјави дека попладнево се пронајдени телата на тројца мажи, италијански државјани, кои исчезнаа вчера во лавина и се пренесени во Аоста.

Водичот на таа група планинари успеал да излезе од лавината и да се приклучи на тимот италијански спасувачи кои тргнале во потрага по нив. Тој во моментов е во болница, но неговото здравје не е загрижувачко, изјави Тревисан.

Местото каде што се случи несреќата, Поен де ла Голет, на надморска височина од 3100 метри, е на границата на Савој и долината Аоста. Во неделата шест лица загинаа во лавина на глечерот Амансет, на Мон Блан, во францускиот департман Горна Савоа.

Би можело да ве интересира

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски

Несреќа во познат скијачки центар: лавина однесе двајца скијачи

Предраг Петровиќ

Снежна лавина во Италија затрупа двајца планинари

А1он

ВИДЕО: По лавината на француските Алпи пронајдено шесто тело

Ана Ололовска