Хорор во Призрен: Татко се обидел да ја убие својата ќерка, ја застрелал трипати

Од:

Косовската полиција во Призрен го уапси Н.Х. од селото Рандубрава, кој се обидел да ја убие својата ќерка А.Х., пишуваат косовските медиуми.

По вербален конфликт со членовите на неговото семејство, тој извадил пиштол и пукал три пати во правец на својата 31-годишна ќерка, пишува Газета експрес, а пренесува Косово онлајн.

По пукањето, синот на осомничениот успеал да му го одземе пиштолот од раката на неговиот татко, по што Н.Х. сам повикал полиција.

„Осомничениот прво телефонски пријавил во полиција дека пукал во ќерката и дека не знае дали ја убил или не, а потоа отишол во полициската станица во Призрен. Полициските патроли и итната помош веднаш излегле на лице место“, соопштија од полицијата.

Полицијата извршила увид, собрала докази и изјави, а со осомничениот и оштетените извршила разговор. Во соопштението се наведува дека за среќа во инцидентот нема повредени.

Предметот е поднесен како „убиство во обид“, а по наредба на обвинител на осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина