Демократски сојуз: Договорот со „Бехтел и Енка“ да се објави, да биде предмет на стручна анализа

Од:

Демократскиот сојуз инсистира Договорот за изградба на коридорите 8 и 10 д со „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ да се објави и да биде предмет на стручна анализа и јавна расправа, особено што причина за законските измени се обврските вградени во договорот и прифатени од преговарачите и Владата, велат од Демократскиот сојуз.

„Криењето на договорот од јавноста, експертите и од пратениците, само ги засилува сомнежите и веќе изнесените информации, дека тој овозможува коруптивни активности и претставува своевиден ГРАБЕЖ НА СТОЛЕТИЕТО.

Демократскиот сојуз ги повикува сите пратеници да отфрлат продолжение на расправата по законите во скратена постапка и да инсистираат за нив да се расправа во редовна и јавна дискусија, откако зад законите ќе застане Владата, а не група пратеници.

Доколку продолжи мајоризацијата на ДУИ и СДСМ, тогаш ќе предложиме имплементацијата на договорот да се одложи преку измена на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за изградба на автопатите на коридорите 8 и 10 д.

Доколку и натаму главна улога има Артан Груби, претходно како координатор на Комитетот за преговори при склучување на договорот со „БЕХТЕЛ и ЕНКА“, а сега како Координатор за спроведување на договорот, кој тврди дека договорот е „тајна и никогаш нема да се објави“, можно е да останеме и без пари и без автопати.

Инаку, досега проценетата вредност на овој проект е една милијарда и шестотини милиони евра (1,6 милијарди евра), но според проценките на експертите и поради лабавите клаузули во Договорот, можно е сумата да достигне и до 2 милијарди евра“, соопшти Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски