СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува Бехтел, реномирана американска компанија за криминал

Од:

„Како и многу пати досега, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е против реализација на стратешки проекти во државата, но сега отидоа чекор понатаму и обвинуваат светски реномираната американска компанија како Бехтел дека краде пари и прави криминал“, соопшти СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ намерно шири невистини за изградбата стратешкиот проект за изградба на коридорите 8 и 10Д.

Инвестициите во патните делници на Коридорот 8 и Коридорот 10Д се историски најголеми инвестиции во инфраструктурата, со што конечно ќе се заокружи децениски стратешки проект во интерес на граѓаните и државата.

Со СДСМ државата се развива, а во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, тоа е истата режимска партија, која останува симбол на корупција и криминал“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ