„Данела Арсовска молчи и бега од одговори како го потпишала договорот за пречистителната станица на Град Скопје, истиот тој поради кој што го разреши директорот Перински и за што ширеше лаги за ВМРО-ДПМНЕ. Се што кажа излажа. Се тресеше пред камери, драматизираше, смислуваше најдолни невистини, за сега сето тоа да падне како кула од карти. Да имаше грам совест досега ќе се извинеше барем“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Проектот за пречистителната станица од страна на директорот на Водовод и Канализација, Перински, беше воден според сите постапки и прописи утврдени од страна на Европската инвестициска банка, и истата уште пред речиси година ги демантираше клеветите на Арсовска. Лагите на Арсовска беа потопени и тогаш, потопени се и сега со потписот на договорот кој Арсовска го премолча.
Арсовска лажеше сушеше за некаков наводен криминал во постапката. Сето тоа говори за неа како личност. Штом лажно обвинува други за криминал, тогаш тоа потсвесно говори и за нејзиниот карактер. Да кажува такви безочни лаги без око да и трепне дека вистината ќе излезе на виделина, значи дека има сериозен проблем.
Сега кога прашината слегна, се виде дека всушност рацете во медот ги имаат заглавено Арсовска, ДУИ, СДС и Левица. Порано или подоцна сркањето од медот ќе им преседне“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.