САД бараат од Русија да им дозволи посета на новинарот Еван Гершкович

Од:

Соединетите Американски Држави денеска ја повикаа Русија да дозволи конзуларна посета на притворениот новинар на Волстрит журнал Еван Гершкович, за да се провери неговата состојба.

Во оваа прилика се огласи заменик министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Рјабков, кој рече дека официјална Москва ќе го разгледа американското барање, но, како што истакна, не под притисок, пренесува Ројтерс.

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Роџер Карстенс за американските медиуми изјави дека контакт со Гершковиќ се уште не е остварен.

„Разбрав дека е во добра психичка состојба и дека е здрав. Сепак, не успеавме да ја потврдиме оваа информација преку американскиот конзулат“, рече Карстенс на емисијата „Добро утро Америка“ на кабелската телевизија ABC.

Рјабков потврди дека официјална Москва размислува да им дозволи на американските дипломати конзуларен пристап на Гершковиќ, кому му беше дозволен само минимален контакт со правните застапници од притворот пред две недели.

Новинар на Вол Стрит Журнал е во притвор под обвинение за шпионажа.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети