Расправата за Предлог-измените на ЗРО продолжува утре

Од:

Комисијата за труд и социјална политика утре во 13 часот треба да продолжи со расправа по Предлог-измените на Законот за работни односи кои се дел од пакетот закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д.

Опозицијата денеска во повеќе наврати побара да се прекине расправата, бидејќи, според нив, истата е беспредметна. Според опозицијата, на овие измени треба да се посвети многу поголемо внимание и неопходна е јавна расправа во која што би можеле да учествуваат сите засегнати страни меѓу кои и синдикатите и граѓанските организации.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска побара да се почитува одлуката на Уставниот суд донесена минатата година, според која работниците не може да работат по 60 часа неделно на автопатиштата и предложи расправата да се прекине.

– Предлагам да се прекине расправата, да се врати на дискусија со пошироката јавност, експертите, синдикатите, Државната комисија за спречување на корупција, рече Ласовска.

Предложеното законско решение се однесува на проекти од стратешки и национален интерес и вклучува решение со кое градежните работници кои работат на ваков тип на проекти ќе добиваат надоместок од 50 проценти повеќе за секој час работа во недела и ќе добиваат надоместок за прекувремена работа согласно Законот за работни односи и Општиот колективен договор за приватен сектор.

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти