Малолетник со автомобил прегази социјален работник, сега му се суди за убиство

Од:

Дванаесетгодишно момче чека судење за убиството на социјалната работничка од Шефилд, Марсија Грант. Полицијата и обвинителството поради возраста не сакаа да го откријат неговиот идентитет, но тој ќе биде најмладиот осуденик кој се појавил пред британски суд во последните 30 години.

12-годишното момче е обвинето за убиство на социјалната работничка Марсија Грант од Шефилд, која ја прегазил со нејзиниот автомобил. Така тој станува едно од најмладите деца на кои им се суди за убиство во Британија во последните 30 години, а пресудата се очекува меѓу август и октомври.

Тој денеска се појави на Шефилд Краун Корт. За време на 20-минутното рочиште, тој зборуваше само за да потврди дека разбира што му кажува судијата и не се изјасни. Тој е обвинет и за поседување нож. На момчето му е одреден притвор и му е наредено да се врати во судот на натамошно рочиште на 5 мај.

Вообичаено, на оние помлади од 18 години им се суди пред судот за малолетници, но за тешки дела, како што е убиството, малолетничките случаи се префрлаат на суд за возрасни. Со оглед на возраста на момчето, адвокатите и судијата во случајот не носеа перики или наметки. Момчето се појавило зад непробојно стакло опкружено со четворица обезбедувачи.

Момчето ја прегази Грант пред нејзиниот дом во областа Гринхил во Шефилд минатата среда. Кај момчето по убиството бил пронајден и нож. Други детали, како и мотивот за убиството се уште не се објавени.

Би можело да ве интересира

Тројца осомничени за вчерашното убиство во Бања Лука

ОЈО за двојното убиство во скопското село Стајковци: Го убил братот и сопругата на починатиот брат

Горан Наумовски

Двојно убиство во скопското село Стајковци: Си ги убил братот и снаата

Горан Наумовски

Во Франција: Убиени двајца затворски чувари, а тројца се ранети во заседа

Серијата апсења низ Англија, тројца мажи се обвинети за шпионажа

Руски наредник уби командант и пет војници