ВИДЕО: Застрелан Србин на северот на Косово

Од:

Милан Јовановиќ од Звечан, гратче на северот на Косово доцна синоќа бил ранет во близина на Бистрички мост.

Порталот Косово онлајн неофицијално дознава дека бил застрелан од припадници на специјалната единица на косовската полиција (Росу) додека возел автомобил на патот од Лепосавиќ кон Звечан. Дежурниот хирург на КБЦ Косовска Митровица потврди дека повредениот е опериран и моментално се наоѓа на интензивна нега.

„Нешто после 22:00 часот на нашето одделение е примен пациент со прострелна рана во пределот на десната страна на градниот кош, кој е донесен во состојба на хеморагичен шок, итно е примен и опериран. Крварењето е прекинато и моментално е надвор од животна опасност и е хоспитализиран на одделението за интензивна нега на понатамошно следење“, изјави дежурниот хирург Никола Радојичиќ.

Директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ, потврди дека косовската полиција синоќа пукала во Милан Јовановиќ кај мостот Бистрица на патот Лепосавиќ-Косовска Митровица, дека тој во шок е префрлен во КБЦ Косовска Митровица, каде бил опериран и дека неговата состојба сега е стабилна.

„Разговарав со неговата сестра Надица и лекарите. Раната на Милан е на десната страна на градниот кош и тој беше на неколку милиметри да го загуби животот“, изјави Петковиќ за српска ТВ Прва и го осуди овој напад. Тој изјави дека Јовановиќ е мирен, семеен човек, татко на три деца и по професија таксист.

Косовската полиција ги отфрли шпекулациите дека пукале во Јовановиќ, а Петковиќ ги прашал зошто не сакаат да ја покажат снимката од камерата од местото на настанот, пишува српски Телеграф.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија