Лајош Берецз од Унагарија победник на традиционалниот Охридски атлетски маратон

Од:

Лајош Берецз од Унгарија во машка и Слаѓана Перуновиќ од Црна Гора во женска конкуренција се победници на годинашниот 27-ми Меѓународен атлетски маратон што традиционално по повод Денот на независноста – 8 Септември денеска се одржа во Охрид.

Берецз патеката долга 30 километри од граничниот камен кај караулата „Свети Наум“ до Охрид ја истрча за 1:42:37 часа, победувајќи во конкуренција од 29 атлетичари од повеќе држави од регионот.

Најдобропласиран македонски атлетичар беше Зоран Саздов кој со постигнато време од 2:03:04 часа го освои третото место.

Слаѓана Перуновиќ беше најуспешна во женска конкуренција, победувајќи со време 1:58:31 часа, убедливо пред преостанатите пријавени шест атлетичарки.

Наградниот фонд за Охридскиот маратон изнесуваше 700 евра за победникот во машка конкуренција, додека најдобрата маратонка доби чек во вредност од 500 евра. Сите учесници на маратонот добија медали и пофалници за учеството.

На стартот кај Свети Наум на патеката излегоа 36 маратонци, од кои 29 во машка и седум во женска конкуренција. Најмладиот учесник на маратонот беше Климент Лазарески од Охрид, роден 1998 година, додека највозрасниот на патеката беше Јован  Трајчески, роден 1955 година, исто така од Охрид.

Рекордот на трката му припаѓа на најтрофејниот маратонец на Охридскиот маратон Живко Стојчески со пет освоени први места, додека приматот според бројот на учества му припаѓа на Славчо Костоски кој до 2010 година патеката во Охрид ја има истрчано 14 пати.

Охридскиот атлетски маратон првпат беше организиран во 1976 година, по повод Денот на ослободувањето на градот – 7 Ноември и се одржуваше се до 1993 година. По еднодецениски прекин, маратонот повторно се организира од 2004 година, на 8 септември по повод Денот на независноста.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

Во Крушево маратонците и обожавателите одбележаа 17 години без Тоше Проески