Поддршка од министерот Бочварски за Иницијативата за конфискација на Герасимовски

Од:

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на која му ја презентираше Иницијативата за регулирање, конфискација и ре-употреба на бесправно изградени објекти.

Оваа иницијатива доби целосна поддршка од Управниот одбор на ЗЕЛС, а истата минатата недела му ја претставив и на министерот за правда, Кренар Лога, од каде исто доби недвосмислена поддршка. Наместо да се занимаваме со развој на општината, ние треба да рушиме објекти, за чие рушење општината нема доволно средства.

Намерата на оваа иницијатива е да се интервенира во два закони: Закон за постапување на бесправни објекти и Законот за управување со конфискуван имот.

Градоначалникот Герасимовски на министерот Бочварски му ја претстави и ситуацијата со решавањето на нелегалните објекти во Албанија, особено во крајбрежјето, за што во тој случај е формирано Национално тело – инспекторат, со надлежности за рушење и конфискација на нелегално изградените објекти.

Според министерот Бочварски, клучни се три моменти, односно зајакнување на инспекциските служби, зголемување на казните за бесправно градење како и ангажирањето на приватни правни лица, кои ќе делуваат како надворешни инспектори, под договор со општините.

„Одземањето на објектите сметам дека нема целосно да го реши проблемот. Но застанувам позади иницијативата и сметам дека е добро да се отвори широка дискусија на оваа тема. Според мене, иницијативата е добра, но треба да се доработи во одредени делови. Клучно е да се зајакнат инспекциските служби, да се интервенира во Законот за градежно земјиште со зголемување на глобите и ангажирање на надворешни компании кои би им помагале на општинските служби во справувањето со објектите од втора категорија“, вели Бочварски, додавајќи дека еднаш мора да се каже „стоп“ на нелегалното градење.

Градоначалникот Герасимовски со министерот Бочварски ја дискутираа и иницијативата 70/30, со која во постоечкиот Закон за градежно земјиште доколку некој поседува 30% од земјиштето, да може да ја дооформи парцелата со останатите 70%.

„Направивме предлог иницијатива да се смени таа бројка и доколку имате сопственост 70%, да можете да ги дооформите и останатите 30%. Оваа иницијатива минатата година ја доставив до ЗЕЛС од каде доби едногласна поддршка и веќе е доставена на разгледување во Министерството за транспорт и врски, од каде наскоро очекуваме и конкретен одговор и чекори за понатамошно делување“, порача Герасимовски.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во Универзалната сала немало никој за време на пожарот, апелирам да не се шират шпекулации

Александар Тодески

Левица: Герасимовски одобри да се гради кај ,,Tреска” спротивно на препораката на антикорупциска

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата

Герасимовски: Подобри урбанистички и сообраќајни решенија во новиот ДУП Крњево 2

Горан Наумовски

Герасимовски: Нова градинка на две нивоа вцртана во новиот ДУП за Крњево 2