Четворица малолетници повредени во сообраќајка кај Свети Николе

Од:

Четворица малолетници, 18-годишник и 42-годишен маж се повредени во сообраќајка која се случи вчера во 16.30 часот на регионалниот пат Свети Николе – Овче Поле, кај патот за „Лозарство“.

Во сообраќајката учествувале возило „фолксваген голф“ управувано од С.К.(42) од Свети Николе и патничко возило „фиат уно“ управувано од 17 – годишник од Свети Николе.

Во несреќата со тешки повреди се здобил малолетникот, а со телесни повреди се здобиле возачот С.К. и сопатниците од возилото „фиат уно“, Н.Т.(18) од село Ерџелија и уште тројца малолетници.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Би можело да ве интересира

Прегазена 85-годишна жена во Скопје, возачот избегал

Катерина Ѓуровски

84-годишна баба готвејќи предизвикала пожар, во болница е со изгореници

Катерина Ѓуровски

49-годишен прилепчанец се соблекол пред девојчиња и ги вознемирувал

Катерина Ѓуровски

Скопски таксист ограбил брачен пар од Австралија

Масновна тепачка кај ноќен клуб меѓу групи од Штип и Кочани, осуммина повредени

Катерина Ѓуровски

Една жртва во судар на трактор и „фиат“, возачот на автомобилот избегал

Катерина Ѓуровски