Дел од Сарај е без струја, жителите на Грчец влегле во системот на ЕВН и направиле хаварија

Од:

Заради противзаконските манипулации во мрежата направени од засега непознати лица од селото Грчец, кои довеле до хаварија во дистрибутивниот систем, поради што без снабдување со електрична енергија останале и корисниците на дел на територија на Сарај информираат од ЕВН елекстродистрибуција.

– По сериозниот дефект кој настана четвртокот наутро како последица на нелегално и неконтролирано контуинирано користење на електрична енергија од жителите на Грчец, селото имаше целосен прекин на испорака на електрична енергија. Истовремено, компанијата додава и дека синоќа во доцните часови, дел од мештаните го вратиле снабдувањето со тоа што насилно и противправно влегле во енергетските објекти во сопственост на Електродистрибуција, а со тоа предизвикале огромна и неповратлива штета на целиот дистрибутивен систем во регионот се вели во соопштението.

Од таму велат дека Електродистрибуција е на терен со придружба на полиција и се обидува да го врати напојувањето што поскоро на што е можно повеќе корисници.

Би можело да ве интересира

Откриена дилерска група, шверцувала кокаин од Холандија

За адвокатот на еден од осудените од групата од Грчец не се законски обезбедени докази од апликацијата Скај

За двојно убиство и трговија со дрога, 50 години затвор за шест члена на криминалната група Грчец

(ВИДЕО) Арсовска: Фатен нов див приклучок на вода во Сарај, си наводнувал пластеници

Предраг Петровиќ

Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 20.06.2025 изнесува 88,28 евра за мегават час, на МЕМО 96,96 евра за мегават час

Предраг Петровиќ