Земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди БиХ.
Епицентарот на земјотресот бил на девет километри од Сараево, јавува EMSC.
Жителите на источно Сараево, Храсница, Илиџа, Кобиље Глава и други населени места во близина на епицентарот напишаа на веб-страницата на ЕМСЦ дека земјотресот бил краткотраен, но доволно силен за да ги исплаши.