Проблем во Собранието на Косово: На пратениците им се спие

Од:

Пратеникот на Косово, Беке Бериша побара подобри услови во собраниската сала, бидејќи, како што рече, недостигот на воздух ги заспива пратениците.

Тој побара од претседателот на Собранието, Гљаук Коњуфца, да се справи со овој проблем.

Дополнително, тој побара и решавање на проблемот со обештетувањето и пратеничките дневници.

„Откако го почнавме овој мандат технологијата не функционира. Вие како претседател на Собранието бевте расположени да си ја завршите работата. Имате ли ингеренции како претседател на Собранието? Имаме проблеми со надоместоците и дневниците за пратеници. Вчера имавме проблем со вентилација, ајде да заспиеме на седница. Ве молиме искористете ги вашите овластувања, регулирајте ги овие прашања“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина