Уметнички скулптури во различни форми направени од камења деновиве никнаа на плажата кај извидничкиот камп во Охрид.
Туристите но и локалнит жители велат дека се восхитуваат на несекојдневната глетка, која не остава го рамнодушен никого.
Скулптурите се со различни форми и големина, а камењата не се лепени, туку едноставно се наредени еден врз друг, иако на прв поглед скулптурите наликуваат како дела создадени од природата, а не човечка рака.[nggallery id=223]
Локалните жители велат дека автор на ова несекојдневно дело бил еден наш иселеник кој долги години живеел во Германија, Томе Спасеновски инаку по потекло од Куманово.
Мики Трајковски