Во текст за Sydney Morning Herald, новинарката Натали О’ Брајан објаснува зошто обвинувањата против поранешната партнерка на екс-амбасадорот на Македонија во Австралија, Перо Стојановски беа отфрлени од австралискиот Врховен суд.
Според весникот, пред судот било изнесено дека Перо Стојановски живеел живот на лаги, мамејќи членови од македонската заедница кои требало да му обезбедат големи суми пари за операција против рак, која не му била потребна.
Весникот открива и дека Перо Стојановски, кој беше амбасадор до 2011. година, ја користел својата висока амбасадорска функција за да стекне почит и доверба меѓу луѓето, како и финансиски бенефиции.
„Прашањата за кредибилитетот на Стојановски беа покренати минатата недела на рочиштето на Врховниот суд против неговата поранешна партнерка Лидија Думбалоска, која беше обвинета дека влегла во неговиот дом, му го украла лаптопот и се обидела да го уценува. Но, неочекувано, обвиненијата беа отфрлени пред судењето официјално да започне, откако адвокатот на Думбалоска, Рик Митри, истакна дека има докази и сведоци кои би зборувале за однесувањето на Стојановски.
Думбалоска е претставена како негова партнерка во врската која траела до денот кога се појавила во неговата куќа, користејќи го својот клуч како и вообичаено и неочекувано дошла до некои материјали на лаптопот на Стојановски кои „ја извадиле од памет“, пишува Sydney Morning Herald.
„Адвокатот Митри пред судијката Хилари Пенфолд објаснил дека Думбалоска нашла порнографски материјали на компјутерот на Стојановски, а одделно, пронашла и фотографии од нејзината малолетна ќерка за која не знаела дека постоеле. Митри во судницата истакна дека покрај тоа што имал намера да го отвори прашањето за кредибилитетот на Стојановски, за неколку делови од неговиот живот, туку и дека поседувал докази за фалсификувани банкарски документи“.
„Најнапред тој тврдел дека врската завршила шест месеци пред да се случат наводните дела за кои беше обвинета Думбалоска, но потоа признал дека врската траела до декември и дека бил „принуден“ да ја продолжи“.
„Тој рече дека имал серија изјави од луѓе од кои Стојановски барал пари за да плати итна операција поради рак на простата – болест што никогаш ја немал. Јавниот обвинител Антони Вилијамсон пред судот изјави дека до почетокот на рочиштето, имале некакви сознанија, но чекале да одлучи поротата. Но, поради последните докази, нема да продолжиме понатаму зашто сметаме дека тоа ќе биде губење на времето на судот, поротата и странките“ – истакнал обвинителот“, пишува Sydney Morning Herald.