Борис Бекер реши да ги открие деталите од соработката со Новак Ѓоковиќ.
Ние разговаравме. Му реков дека сум премногу стар за да го зафркавам.
– Станува лично. Се прашувам дали сакаш мајка ти да плаче или сакаш да плаче нивната мајка, му рекол Бекер на Ѓоковиќ кога зборувале за соработка:
„Ти си горд Србин. Ти си горд семеен човек. Би направил се за да го заштитиш своето семејство. Така треба да бидеш. Тоа е твој став. Затоа што Рафа сака да го стори истото. Затоа што Роџер и Енди сакаат да го сторат истото. Тие сакаат да ги заштитат своите семејства. Па сега излези и направи го тоа“.
Бекер се осврна кон „демоните“ што ги имал Новак.
– Моравме да совладаме неколку внатрешни демони за кои не можам да зборувам, рече Бекер.
Сето тоа го потврди и Новак Ѓоковиќ, објавија српските медиуми.