ВМРО-ДПМНЕ: Со потпис на Груби сопругата на Ковачевски добива државна земја за фотоволтаици

Од:

„Со потпис на Груби сопругата на Ковачевски добива државна земја за фотоволтаици, додека за болните нема лекови, а за учениците нема учебници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Артан Груби му се реваншира на Ковачевски кој го бранеше за бизнисите на брат му Ветон Груби, па наместо него ја потпишува Одлуката на влада за давање државно земјиште за фотоволтаици на неговата сопруга.

Ковачевски велеше дека излегол од бизнисот со фотоволтаици, а сега наместо него влегува неговата сопруга, и тоа ни помалку ни повеќе туку со земање на државна земја за изградба на централа.

Кога станува збор за интересите на врвот на власта, се се решава експресно.

Додека сомнителните активности на власта се како брз воз, ДКСК се однесува како парна локомотива“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски