Путин: Сметаме дека западното разузнавање е вмешано во тероризмот на Украинците

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин на телевизиски состанок со високи претставници во средата рече дека има причина да верува дека западните разузнавачки агенции биле вмешани во, како што рече, акти на саботажа и тероризам извршени од Украина.

На состанокот на Советот за безбедност на Кремљ со лидерите на четирите украински региони, анектирани од Москва минатата година, Путин ја обвини Украина дека со помош на западните разузнавачки служби извршила злосторства против рускиот административен и безбедносен персонал, новинари и наставници.

Русија често ја обвинува Украина за гранатирање делови од Украина под руска контрола и оние во руските погранични региони во близина на Украина, во кои тврди дека се убиени цивили. „Имаме многу причини да кажеме дека ресурсите на трети земји и западните разузнавачки служби биле ангажирани во подготовката на такви акти на тероризам и саботажа“, рече Путин.

Тој го изјави ова три дена откако рускиот воен блогер Владлен Татарски, чие вистинско име е Максим Фомин, беше убиен во бомбашки напад во Санкт Петербург, за кој руските власти ја обвинуваат Украина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија жестоко ја нападна Одеса, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем напад на Русија, пожар во магацин за дронови „Шахед“

Катерина Ѓуровски

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русите: Ја презедовме контролата

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски