Се повлекува лекот за кашлица „Фолкодин“ – може да доведе до алергиска реакција опасна по живот

Од:

Лековите кои содржат Фолкодин се повлекуваат од употреба од Македонија но и од целата ЕУ, потврдија за А1он од Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД.

Лекот кој е во форма на сируп и таблети, а се користеше за сува кашлица кај деца и возрасни се повлекува од пазарот комплетно, поради потенцијален ризик дека фолкодинот може да доведе до анафилакса.

Анафилакса е најсериозен вид на алергиска реакција која може да биде опасна по живот. А студија од 2022 година покажала поврзаност меѓу употребата на фолкодин и ризикот од анафилакса, соопшти Европската агенција за лекови (ЕМА).

Агенцијата откри дека овие сирупи можат да предизвикаат многу опасна алергиска реакција за време на општа анестезија, додека во некои случаи ненадејна и тешка алергиска реакција може да предизвика смрт.

Комитетот за безбедност на ЕМА ги анализираше сите достапни докази и резултати од студијата, безбедносните податоци по продажбата и информациите обезбедени од здравствените работници, но не беше во можност да идентификува ефективни мерки за намалување на ризикот или да утврди дали придобивките од фолкодин се поголеми од ризикот. Лекови кои содржат фолкодин се повлекуваат од пазарот на ЕУ и нема да бидат достапни ниту на рецепт ниту без рецепт.

Македонската агенција за лекови и медицински средства МАЛМЕД потврди дека и во Македонија се спроведува ова решение и дека фолкодин веќе не е достапни во аптеките, а испратено е и известување до лекарите дека во случај на анестезија, на здравствените работници им се препорачува да проверат дали пациентите користеле фолкодин последните 12 месеци и ако е така, да бидат свесни за анафилакса.

МАЛМЕД повикува секој сомнеж за несакана реакција од лекот да се пријави во Националниот центар за фармаковигиланца при Агенцијата за лекови и медицински средства.

Доколку имате Фолкодин дома ги советуваат пациентите да престанат да го користат лекот.

Овој лек e повлечеn од употреба и во Хрватска и vo Србија.

Би можело да ве интересира

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи

Горан Наумовски

Регионот се бори со голема кашлица, во земјава веќе има седум случаи

Еден случај на голема кашлица во „Козле“, едно дете хоспитализирано со Ковид-19

Вработени во МАЛМЕД сведочеа пред собраниската Анкетна комисија за работењето на Онкологија

Бекироски: МАЛМЕД не е надлежен за случајот „Онкологија“