УЈП со апел до граѓаните: Не отворајте СМС пораки кои повикуваат на задолжителна пријава од УЈП

Од:

Управата за јавни приходи информира дека кон граѓаните се испраќаат СМС пораки со кои се бара да извршат задолжителна пријава на лажна веб страница https:ujp-gov.mk/potvrda.

– Граѓани, никако не отворајте ја оваа лажна веб страница, бидејќи од вас бара да пополните полиња со вашите лични податоци, податоци од платежна картичка и да прикачите слика од вашата лична карта. Споделувањето на Вашите лични податоци преку оваа лажна веб страница, може да предизвика нивна злоупотреба, велат од УЈП.

„Веб страница е лажна, не e во сопственост на Управата за јавни приходи. Испраќачот на пораките се обидува да ги злоупотреби името и логото на УЈП и да ги доведе во заблуда граѓаните, да споделуваат лични податоци и на тој начин да се изложат на ризик и можна злоупотреба. Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со оваа состојба“, се додава во соопштението на УЈП.

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа