Како што најави дека ќе стори, Доналд Трамп доброволно се предаде на судот во Њујорк. Недолго по рочиштето, јавноста доби увид во обвинението.
Поранешниот американски претседател, прв во историјата обвинет за кривично дело, пред судот изјави дека не се чувствува виновен по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни сметки, за што го обвинува обвинителството во Њујорк.
Секоја од 34-те точки од обвинението, се однесуваат на посебна сметка на Организацијата Трамп, за која постои основано сомневање дека е лажна.
Иако зборот „заговор“ не е спомнат ниту еднаш на 16-те страници од документот, обвинителот Брег се обиде да пренесе како Трамп и неговите најблиски соработници смислиле шема преку која се обидел да влијае на исходот од претседателските избори во 2016 година.
„Поранешниот претседател фалсификуваше деловни книги во Њујорк, а за тоа ги принудил и другите да лажат. Тој тврдеше дека му платил на својот поранешен адвокат Мајкл Коен за правните услуги во 2017 година, но тоа „едноставно не е точно“. Девет месеци по ред, тој држел документи кои ја содржеле клучната лага и лично ги потпишал чековите со кои му плаќал на Коен. Имајте предвид, ова не е еден документ, туку 34 документи“, рече обвинителот Алвин Браг.
Браг рече дека Трамп им плаќал на луѓето кои тврделе дека имаат некои негативни информации за него.
„Само две недели пред претседателските избори, Коен испрати 130.000 долари на адвокатот на Сторми Даниелс. Тоа кажува се“, рече Браг.
Браг спомна само една од трите плаќања за „молкот“, но во обвинението се споменуваат повеќе.
Компанијата American Media Inc. наводно платила 30.000 долари на поранешен чувар на Трамп Тауер, кој тврдел дека има приказна за вонбрачното дете на Трамп.
Наводно и платиле 150.000 долари и на американската Плејбој манекенка Карен Мекдугал која имала сексуална врска со Трамп.
Откако Трамп му наложил на својот адвокат да ги врати парите на компанијата AMI во готово, специјалниот советник му рекол дека тој треба да го изврши плаќањето преку лажна компанија, а не во готово.
Од AMI на крајот одбиле да го прифатат плаќањето.