Финска утре влегува во НАТО

Од:

Финска утре и официјално ќе стане членка на НАТО, соопшти кабинетот на финскиот претседател. Оваа вест ја потврди генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Турскиот парламент пред неколку дена ја ратификуваше клаузулата со која и се дозволува на Финска да се приклучи на западната воена алијанса, отворајќи го патот за влез на Хелсинки во НАТО додека беснее војна во Украина.

Турција беше последна меѓу 30-те членки на алијансата што го ратификуваше членството на Финска. Претседателот Тајип Ердоган во март рече дека Финска ја обезбедила наклонетоста на Турција по преземањето конкретни чекори за одржување на ветувањата за сузбивање на групите што Анкара ги смета за терористи и за ослободување на извозот на воена стока.

Финска и Шведска поднесоа барање за приклучување кон трансатлантскиот воен сојуз минатата година како одговор на руската инвазија на Украина, но процесот беше блокиран од Турција и Унгарија. Во спротивно, парламентите на сите членки на НАТО мора да ги ратификуваат новите членки. Турција, пак, се уште го одложува одобрувањето на кандидатурата на Шведска за членство во НАТО.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област